10% попуст Добивате 27 Поени!

PURITO Centella Green Level All In One Mild Pad

1,499ден 1,349ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром
Струга

33 на залиха

По миењето на лицето и кога е комплетно суво, искористете го туферот како тонер со цел да ја истонирате текстурата на вашата кожа. Овој „се во едно“ тонер туфер целосно ги отстранува трагите од шминката и нечистотиите од кожата. Кога го користите наутро, задолжително нанесете крема за сончање за да ја заштитите вашата кожа од УВ зраците.
Со оглед на тоа што е дизајниран да се користи како редовен производ во дневниот режим за нега на кожата, може да го користите без никаква иритација и со него да замените тонер. Станува збор за дневен хипоалергенски туфер кој не содржи никакви АХА состојки и може да се користи на сите типови на кожа. Отстранете ги нечистотиите и со користење и на Purito Dead Skin Remover, а ви препорачуваме исто така да го користите PURITO BHA Dead Skin Moisture Gel три пати во неделата (навечер).
Ако маслото за отстранување на шминка е иритирачко за вашата кожа, може едноставно да ја отстраните шминката со овој тонер туфер. Но, кога станува збор за потешка шминка, како онаа за на очи, тешко може да ја отстраните целосно само со тонер туферот. Затоа, исто така користете уште еден чистач. Ќе треба да го измиете вашето лице втор пат.
Да, производот е целосно безбеден за користење. Помага во смирување на лузните настанати од акни со основните состојки за смирување: Centella Asiatica, Madecassic Acid, Asiaticoside, и Asiatic Acid.
АХА состојките во комерцијалните тонер туфери непотребно ја стимулираат кожата паралелно со триењето со туферот, што предизвикува оштетување на кожната бариера. Purito, има за цел да обезбеди одржување на здравјето на кожата на долготрајни стази, а не со брзи и краткотрајни ефекти. Производот е создаден да се користи на дневно ниво и да обезбеди одлична ексфолијација едноставно со протривање со БХА состојките и со туферот.

Опис

За мене

Едноставен и нежен тонер туфер!

Тонер туферот со чисти и нежни состојки нуди безбедна и здрава поддршка на себумот во порите и текстурата на кожата. Содржи 10% екстракт од Азиска Центела (тигрова трева) и со него може лесно да ги отстраните остатоците од шминка и истовремено да ја смирите вашата кожа откако ќе го исчистите лицето. Не станува збор само за тонер туфер кој ја чисти текстурата на кожата, туку и за тонер туфер есенција кој дава длабока хидратација со екстрактот од Азиската Центела.

 

Клучно

  1. Мек памучен туфер кој не е иритирачки за сензитивната кожа со долготрајно дејство бидејќи е изработен од густи влакна кои можат да ја задржат ефикасно есенцијата.
  2. Содржи вистински екстракт од Азиска Центела кој е докажан како најдобра состојка за смирување на кожата и доста подобар и поефикасен од водата од Азиската Центела.
  3. Дава освежувачка сензација без присуство на вештачки парфеми.
  4. Едноставен и соодветен производ во компактно и лесно пакување погодно за долги патувања.
  5. Безбеден производ кој не содржи етанол (алкохол) AХA  состојка која вообичаено ја има во тонер туферите.

 

 

Супер Тип!

Состојки

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку Карго Експрес Битола во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на info@dev.bebehome.mk или побарајте не на 072 250011.

Како се користи

Тип #1 Како да се користи двостраниот тонер туфер од “Рапава” страна

Искористете ја да го исчистите цело лице главно околу Т зоната и образите каде порите се најистакнати и лачењето на себумот.

Тип #2 Како да се користи двостраниот тонер туфер од „Мека“ страна

Искористете ја за меката нежна кожа, околу очите или кога ги чистите остатоците од шминка околу очите.

Тип #3 Како може да се користи двостраниот тонер туфер - како маска за смирување

Може да го искористите тонер туферот како маска за смирување, само поставете го на оние делови кои треба да ги смирите (мозолчиња, лузни од акни). Оставете го да делува од 10 до 15 минути.

X